Бутикофер: Груевски е на губитничката страна на историјата

Сподели

Европската Унија, истакнува Бутикофер, е решена да и помогне на Македонија во овој транзициски период и да биде примена како дел од евроатлантската заедница.

-Судбината на Груевски е спореден спектакл, историјата ја кажа својата пресуда за Груевски, тој е на губитничката страна на историјата, поддржувач на национализам, шовинизам и корупција. Лошо е што избега од правдата, но на некој начин му докажува на народот во Македонија дека не верува во сопствената кауза и претпочита да бара заштита од пријатели наместо да ги почитува институциите во сопствената земја. Премиер кој не се однесува со чест кон судскиот систем во својата земја не е добар лидер.И ова можеби ќе отвори нечии очи, вели Бутикофер за МИА.

Зелените стојат на ставот дека унгрскиот премиер ја игра играта на Путин со овој потег и со тоа се обидува да создаде конфликти и тензии во регионот, во момент кога Македонија и Грција треба да склучат историски договор на добрососедство, кој е и клучот за влезот на Македонија во евроатлантското семејство.

-Знаеме кој не е заинтересиран за стабилна иднина на Балканот, посебно Путин кој се обиде да се вмеша и во Македонија и во Грција безуспешно. И сега гледаме дека членка на Европската Народна Партија ја игра играта на Путин, вели ко-претседателот на Зелените за МИА.

Тој е уверен дека Европската Комисија, која е за сега многу дискретна во своите реакции, како и земјите членки ќе “реагираат на соодветен начин”.

-Сите треба да биде сигурно дека институциите нема да му дозволат на Орбан да го растуди позитивниот развој.

Според Бутикофер приемот на „осудениот криминалец Груевски”, како што го нарекува, во земјата на Орбан е обид креирање хаос и тензии.

-Да не беше очајно, ќе речев дека е иронично. Господинот Орбан, најголемиот борец против прием на бегалци сега прима политички криминалец како бегалец, ова е вистинска шарада, исмејување со владеењето на правото, но е и во согласност со политичките одлуки на Орбан во минатото, вели Бутикофер за МИА.

Шефот на Зелените порачува дека претстојните европски избори се одлучувачки и различни од сите претходни зашто е борба против националистите, либералите и екстремистите и дека е време оние што се на другата страна да го обноват европското ветување.