Чарлс Баркли со сериозна забелешка за Лејкерси оваа сезона – Тие не се….

Сподели

Лос Анџелес Лејкерс пред почетокот на сезоната требаше да бидат главни фаворити за освојување на титулата во НБА лигата, но по 26 натпревари јасно е дека имаат проблеми, пред се од кадровски карактер.

фото:Profimedia

За трофејниот тим од Калифорнија проговори и поранешниот НБА ас Чарлс Баркли.

Избраниците на Френк Вогел беа убедливо поразени на претходниот дуел во Мемфис од Гризлис.

„Лејкерси моментално не се на иста планета како Феникс Санс и Голден Стејт Вориорс. Сигурен сум дека Лејкерси нема да бидат во четирите најдобри екипи на Западот. „Не ми е гајле што ќе каже некој друг“, вели Чарлс Баркли, поранешен МВП на НБА, а сега аналитичар во ТНТ.

Неговиот колега Шекил О’Нил не се согласува со популарниот Чак.

„Лејкерси ќе бидат во првите пет тимови на Западот бидејќи не сакаат седмо или осмо место – тоа би им донело дуел со Голден Стејт или Феникс. „Тие сигурно не им одговараат“, рече Шек.

Лејкерси моментално се на седмото место на табелата во Западната конференција со 13 победи и 13 порази.

The post Чарлс Баркли со сериозна забелешка за Лејкерси оваа сезона – Тие не се…. appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico