Чавков: Специјално одделение во МВР е нелогично решение

Сподели

mitko-cavkov-860x680

Формирањето специјално одделение во Министерството за внатрешни работи за потребите на Специјалното јавно обвинителство, според министерот Митко Чавков, е нелогично решение.

Според него, актуелниот Закон за кривична постапка овозможува кое било обвинителство да побара и да му бидат ставени на располагање онолку претставници на МВР колку што му се потребни.

– Не сум дел од процесот и не сум дел од преговорите кои сè уште се во тек. Сепак, сметам дека нецелисходно е и нема потреба од таков пристап бидејќи тоа што се бара го решава Законот за кривична простапка. Обвинителствата, во согласност со ЗКП, можат да ангажираат лица според нивните проценки и потреби и мислам дека е нелогично да се зборува за формирање на некакво специјално одделение во МВР – изјави Чавков.

Формирањето специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои би биле надлежни за процесуирање на случаи на СЈО, е предлог кој, според одредени  информации, бил ставен на маса на разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино.

Неофицијално, ова прашање било ставено на маса уште пред еден месец, но засега од ниту една партија нема официјална потврда дека за тоа се преговара, освен што пред десетина дена СДСМ и ДУИ јавно излегоа со став дека би дале поддршка на предлогот за формирање специјално судско одделение.

meta.mk