Чудесниот Златан повторно ги поместува границите – Ги тресе мрежите и во 5-тата деценија, а само тројца се пред него!

Сподели

Фантастичниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна гол и асистенција во победата на неговиот тим против Болоња од (4:2).

Ибра постигна гол на 40 години и 20 дена и со тоа стана четвртиот фудбалер во историјата кој успеал да се запише во во листата на стрелците во петтата деценија од својот живот.

Постари од него се само Пјетро Виерховод, кој имаше 40 години и 47 дена во моментот на последниот постигнат гол во Серија А. Силвио Пиола ја затресе мрежата на 40 години и 131 ден, а рекордер е Алесандро Костакурта кој беше стрелец на 41 година и 25 дена. Последниот гол го постигна од пенал.

До крајот на сезоната Ибра може да избие на второто место.

The post Чудесниот Златан повторно ги поместува границите – Ги тресе мрежите и во 5-тата деценија, а само тројца се пред него! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico