Вести Изјави Македонија Ударни вести

Чулев: Движењето на граѓаните во полицискиот час ќе се контролира со беспилотни летала

 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во емисијата Топ тема на телевизија Телма изјави дека за контрола на движењето на граѓаните и почитувањето на полицискиот час ќе биде ставена и единицата на беспилотните летала.

-“Ќе побарам да се стави во функција единицата за беспилотни летала. Беспилотните летала кои ги имаме во со високи технички можности, можат да ја скенираат целата сосотојба и да ги регистрираат сите прекршоци на полицискиот час. Можат да ја видат и регистрацијата на возилата. Леталата се во функционална состојба, тука се и операторите, сѐ што е треба е единицата да се стави во функција”, изјави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

 

Сподели: