Вести Македонија Ударни вести

Чулев: За најголемиот дел од прашањата граѓаните веднаш добиваат одговори

Сподели:

 

“Министерството за внатрешни работи во наредниот период детално, крајно транспарентно во интерес на јавноста односно на сите наши граѓани, ќе ги презентира сите превземени активности, сите реализирани задачи, што произлегуваат како врз основ на законските надлежности и обврски на полицијата, така и врз основ на препораките и мерките на Владата на РСМ во овој кризен период за превенција и сузбивање на епидемијата од корона вирусот “Ковид 19“. И пред да продолжам со конкретните податоци дозволете ми да истакнам дека сето она што досега го работи министерството, нашите полициски служби и службеници, и што ќе се работи и во наредниот период – има единствена и императивна цел: гарантирање на безбедноста и зачувување на здравјето на граѓаните на целата територија на нашата држава.

Прво по однос на постапуањето на сите осум Сектора за внатрешни работи сакам да ве известам дека заклучно со денешниот датум полициските службеници при СВР Скопје вршат обезбедување врз 230 лица со Решенија за самоизолација од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на илјада лица кои што се со наредби за самоизолација, додека пак досега извршени се контроли во 530 угостителски објекти а во текот на денов дополнително ќе бидат прверени уште 140 угостителски објекти. Во СВР Велес под надзор се две лица со решение на ДСЗИ, 99 лица по наредби за самоизолација, а контролирани се 77 угостителски објекти; во СВР Тетово се обезбедуваат 17 лица по основ на решенија на ДСЗИ и 185 лица со наредби за самоизолација; во СВР Штип такви мерки се превземени врз 10 лица со решенија од ДСЗИ и 246 лица со наредба за самоизолација а извршена е проверка и на 147 угостителски објекти; при СВР Струмица се обезбедуваат 11 лица со наредба за самоизолација, проверени се и 172 угостителски објекти; во СВР Битола под надзор на полициските служби се 32лица со решенија од ДСЗИ и 140 лица со наредба за самоизолација; во СВР Куманово – шест лица со решенија од ДСЗИ, 221 лице со наредба за самоизолација, а направена е проверка во 83 угостителски објекти; и во СВР Охрид се обезбедуваат 82 лица со решенија од ДСЗИ и 205 лица со наредби за самоизолација, додека пак контрола е извршена во 162 угостителски објекта.

Покрај ова досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ на членот 205 од КЗ на РСМ – “пренесување на заразна болест“  а повеќето по основ на член 206 – “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до надлежно ОЈО а се однесуваат на член 206 од КЗ.

Особено сакам да истакнам дека СВР Скопје постапувајќи по оперативни сознанија за наводното организирање на забави во приградските населби од страна на млади лица кои изнајмувале викендици и куќи, превзеде оперативни мерки за превентивно покривање и патролорање со цел спречување групирање и задржување на поголема група граѓани при што извршени се контроли на локациите на подрачјето на Горно Нерези, селото Сопиште, локалитетот Сончев град, селата Горно и Долно Соње, викенд населбата  Марков манастир, месност Три Круши, во Ченто и во Радишани.  При извршените контроли не се затекнати поголема група на граѓани, но полицијата ќе биде на терен и будно ќе ги следи состојбите.

По однос на активностите на Одделот за специјални полициски операции полициските службеници во изминатите неколку денови реализираше низа активности. Меѓу другото реализирано е  извлекување на 66 кои што со 24 возила беа транспортирани од селата Тресонче, Лазарополе, Осој и Манастирец, дотолку повеќе што овие села и покрај тоа што територијално припаѓаат на општина Дебар, физички се одвоени и немаат контакт со градот.  Пред излекувањето извршен е поединечен  преглед од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје во Гостивар. Вчера, исто така, беа пропуштени  11 товарни возила со храна, четири возила со лекови, 15 возила од компаниите кои работат на подрачјето на Дебар  и едно возило со средства за дезинфекција  Дополнително организиран е спровод на едно медицинско возило со две лица се пренесени до Клиничкиот центар во Скопје. Завчера пак на 17.03. беа пропуштени 25 возила со 34 меѓу нив и медицински лица лица коишто вршеле достава на храна и лекови. Во моментов медицински лица работат на излекување на една трудница, односно асистираат во обезбедување на медицинската документација со цел успешно завршување на извлекувањето.  Исто така Одделот за специјални полициски операции во текот на вчерашната вечер даваше асистенција на Секторот за внатрешни работи, Скопје на подрачјата за кои имаше информации дека се врши недозволено групирање и собирање на граѓани и, како што претходно нагласив и во наредниот период ќе преземаат активности и во други градови каде ќе се добијат информации дека се евидентирани вакви или слични појави.

Во врска со состојбата со влез и излез од земјава во текот на минатите 24 часа евидентиран е вкупен влез на 2824 граѓани од кои 2017 македонски државјани, а 807 странски државјани. Додека пак излез оствариле вкупно 2278 лица од кои 951 македонски граѓани а 1327 странски државјани. Примарно станува збор за професионални возачи на товарни моторни возила.

Во тој контекст за возачите на тешки товарни возила кои се странски државјани, истите после истоварот на стоката имаат обврска, согласно протоколите веднаш да ја напуштат државата, а доколку станува збор за транзит, обврската е во рок од пет  часа да ја напуштат територијата на нашата држава.

Во оваа прилика сакам да ве информирам дека по однос на отворената бесплатна телефонска линија – 0800 00 201 во изминатите денови, од нејзиното воспоставување како и преку е-маил адресата евидентирани се вкупно 59 маилови и 402 телефонски повици, и притоа најголемиот дел од прашањата се однесуваат на протоколите за регулирање на сообраќајот на товарни возила, транзитирањето низ нашата држава, функионирањето на граничните премини како и за информации поврзани со постапката за излекување на државјани на нашата земја кои се заглавени во некоја од странските земји.

За најголемиот дел од прашањата граѓаните веднаш добиваат одговори, а за останатие во координација со надлежните организациски единици одговорите се доставуваат во најкраток можен рок.

На телефонската линија пристигнуваат и повици од здравствени установи. Ги повикувам граѓаните и во следниот период да го користат бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и е-маил адресата која е отворена за оваа намена се со цел да добијат целосни информации за постапувањето на Министерството за внатрешни работи, но и да пријават непочитување на препораките и одлуките донесени од страна на Владата.

И конечно околу постапувањето по однос на заклучоците од  Владата, а по кои тековно постапува Министерството за внатрешни работи дозволете ми да ве известам за следното:

Министерството за внатрешни работи во текот на денов ќе започне да дава изјави (на македонски и на албански јазик) за секое лице кое ќе ја напушти државата и кое ќе се обрвзе дека во наредните три месеци нема да се врати државата, а исклочок од оваа мерка ќе бидат возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин во државата и граѓаните кои ги напуштаат граничните премини поради здравствени причини. Сите професионални возачи на товарни возила кои претходно добиле наредби за самоизолација, потребно е да обезбедат соодветни дозволи од Државниот санитарен инспекторат со која потврда ќе докажат дека имаат право за непречен и повеќекратен влез и излез од границите, а со цел тековно извршување на работните задачи.

Потоа, Министерството во соработка со Царинска управа и со АД Пошта превзема мерки за постапува согласно протоколите за превоз и транспорт со цел да се овозможи непречено спроведување на размена на пошта и меѓународен поштенски сообраќај. Министерството за внатрешни работи презема мерки  и во Одделението за внатрешни работи Шуто оризари и ги интензивира теренските контроли на територијата на општината а во функција на спречување на групни собири. Покрај ова МВР во соработка со МНР организира хуманитарни конвои кои поминуваат низ државата. Инаку во текот на денеов ќе се одржи работна средба помеѓу раководството на МВР и на МО на кое ќе се формира заеднички оперативниот штаб и ќе се дефинираат модделите за заедничко делување и асистирање меѓу полицијата и армијата во извршување на задачите и обврските кои ќе произлезат од одлуките на Владата на РСМ.

На крајот сакам да истакнам дека МВР ќе продолжи со оваа практика на темелно информирање на јавноста.

Нашата цел, како што и вчера порачав, е сосема јасна и едноставна : Министерството за внатрешни работи строго, дисциплинирано, како досега така и отсега стриктно ќе ги следи сите мерки, сите препораки и одлуки што институциите на нашата држава ќе ги донесат во насока на превенирање и целосно сузбување на оваа епидемија и заштита на граѓаните и општеството. Во тоа никој нека нема ни најмал сомнеж. За нас зачувувањето на човечките животи ќе биде примарната мисија на која што целосно ќе и се посветиме во неделите пред нас” – изјави министерот за внтарешни работи, Наќе Чулев.

 

 

Сподели: