Вести Македонија Ударни вести

Димитров – Михаел Рот: „Време е заеднички да покажеме европска солидарност!“

Сподели:

 

Денес министерот за надворешни работи, Никола Димитров одржа „дигитална“ средба со својот германски колега, државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот. Со оглед на ситауцијата со КОВИД 19 пандемијата, средбата беше одржана преку видео-конференциска врска заменувајќи ја на тој начин работната посета на германскиот Министер на земјата која првично беше планирана да се оствари на 17 март.

 

 

Двајцата министри разговараа за состојбата во Европа поврзана со  пандемијата на вирусот КОВИД 19 и преземните мерки за заштита на јавното здравје. Разменија мислења за опсегот на кризата, влијанието врз економијата и начините за ублажување на последиците, согласувајќи се дека заемната солидарност и напорите за заеднички пристап при справување со последиците во наредниот период ќе бидат од особена важност. Вториот дел од разговорот го посветија на ЕУ аспирациите на Северна Македонија и очекувањата во пресрет на Советот за општи работи закажан за 24 март.

МНР Димитров: „Светот е исправен пред огомен предизвик. Заедно со германскиот Министер Рот демонстрираме пошироко европско заедништво и солидарност. Како и претходно со примерот со миграциската криза, така и сега евидентно е дека КОВИД 19 не познава граници, нема национална припадност и не  напаѓа подеднакво сите во Европа. Затоа заеднички би сакале да повикаме кон вклучување на сите земји од Западен Балкан без разлика на нивниот ЕУ интеграциски стаус во сите платформи на ЕУ за координација на одговорот кон справување со вирусот. Во таа насока ја повикувам ЕУ покрај подршката за своите земји членки, да даде подршка во ублажување на социо-економските последици и за земјите од нашиот регион. Сите наши држави презедоа вонредни мерки за заштита на здравјето на нашите граѓани во смисла на ограничување на патувањето, но мораме истовремено да осигураме дека неопходните животни намирници и лекови ќе продолжат да се движат помеѓу границите на ЕУ и во регионот. Истото важи и за заедничко обезбедување на непречено враќање дома на граѓаните кои се во тешка ситуација, со откажани авионски летови и блокирани во пограничните зони низ светот. Кратко кажано, време е заеднички да покажеме европска солидарност!“

 

 

Беа разменети мислења и околу европската перспектива на Северна Македонија и очекувањата на Советот за општи работи на ЕУ кој треба да се одржи на 24 март о.г., како и впречатоци од дискусиите на земјите членки на ниво на ЕУ КОРЕПЕР Амбасадори во Брисел кои вчера и денес се во тек.

МНР Димитров: „Ќе биде многу важно после влогот кој го направи Северна Македонија да може да ја премине линијата и да може да се прогласи заеднички европски успех. Посебна привилегија во овие моменти е да се добие силна поддршка од Германија, која е докажан и голем пријател и искрен поддржувач на нашата европска перспектива.“

Министерот Рот се согласи дека е неопходна солидарност од страна на ЕУ. Изрази надеж дека ЕУ ќе успее набрзо да и’ помогне на Северна Македонија во справувањето со последиците од пандемијата по економијата, за да може колку што е можно полесно да ги преброди. Се осврна и на очекувањата од Советот за општи работи за кој изрази надеж дека ќе се одржи на 24 март и дека ќе успее да донесе позитивни вести за Северна Македонија со оглед дека, кога реформите соодветно ќе се спроведат, тоа соодветно треба да биде наградено.

Сподели: