
Околу 71,4 милиони Американци ја следеа изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во вторникот, што е бројка мошне блиска до рекордот од 2008 година, за време на победата на Барак Обама во првиот мандат.
Во вторникот вечерата беше означен крајот на предизборната кампања, која го држеше вниманието на Американците повеќе од една година. Две од трите најгледани предизборни претседателски дебати во историјата биле меѓу Трамп и неговата соперничка Хилари Клинтон.
Најгледаната телевизија ноќта на изборите била Си-Ен-Ен, а по неа следеле Фокс њуз и Ен-Би-Си.


