Д-р Бајрактаров: Зголемен е бројот на граѓани кои бараат помош на Клиниката за психијатрија

Сподели

 

Значително се зголеми бројот на граѓани кои бараат помош во амбулантите на Клиниката за психијатрија. Дел од граѓаните имаат потреба од психолошка поддршка поради нивната зголемена вознемиреност, страв, загриженост, напнатост, несигурност и нарушен сон поврзани со семеен член заболен од ковид-19 или, пак, непредвидливоста на актуелната ситуација. Главно се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале. Родителите, пак, најчесто се загрижени за зголемена вознемиреност кај нивните деца, проблеми во нивното однесување и имаат потреба од совет за тоа како подобро би можеле да пристапат кон нив.

Д-р Бајрактаров

Ова го вели директорот на Универзитетската клиника за психијатрија, Стојан Бајрактаров во интервју за МИА.

За да си го олесниме овој период, посочува доктор Бајрактаров, ние често препорачуваме да се следат и да се споделуваат информации од релевантни извори, да се ограничи пристапот до социјалните медиуми кои може да ја зголемат вознемиреноста, да се споделуваат проблемите со блиските и да се обидеме заедно да изнајдеме решенија за некои од проблемите.

– Особено важно е одржувањето на позитивноста, рутината и креативноста во услови на ограничен личен контакт за да си дадеме можност да изнајдеме различни пристапи за нашите проблеми –  потенцира д-р Бајрактаров.

 

– Во последниот период е намален бројот на јавувања, но значително се зголеми бројот на лицата кои бараат помош во нашите амбуланти. Вкупно досега имаше околу 5000 јавувања на овие линии – вели д-р Бајрактаров.

Граѓаните имаат потреба од поддршка поради зголемена вознемиреност, страв, загриженост, напнатост, несигурност и нарушен сон поврзани со заболен семеен член или пак непредвидливоста на актуелната ситуација. Главно се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале. Родителите, пак, најчесто се загрижени за зголемена вознемиреност кај нивните деца, проблеми во нивното однесување и имаат потреба од совет за како подобро би можеле да пристапат кон нивните деца. Пристапот на стручните лица е индивидуален за секој поединец и семејство, но обично се темели на споделување информирање за нивните реакции и поттикнување на нивната сила за справување со доживеаниот стрес.

Според него, иако помина долг период од почетокот на пандемијата, сепак , одреден дел на луѓе не успеваат да се соочат со промените.

– Некои успеваат да се потпрат на нивната сила и да се соочат со промените со полесни потешкотии, но сепак, некои имаат потреба од дополнителна поддршка за да се приспособат со одредени искуства. За да си го олесниме овој период, ние често препорачуваме да се следат и да се споделуваат информации од релевантни извори, да се ограничи пристапот до социјалните медиуми кои може да ја зголемат вознемиреноста, да се споделуваат проблемите со блиските и да се обидеме заедно да изнајдеме решенија за некои од проблемите. Особено важно е одржувањето на позитивноста, рутината и креативноста во услови на ограничен личен контакт за да си дадеме можност да изнајдеме различни пристапи за нашите проблеми – вели д-р Бајрактаров.