Вести Македонија Ударни вести

Д-Р Крстески: Сукцесијата – значајна за нашата историја

Сподели:

 

Директорите на Државните архиви на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и на Архивот на Југославија, д-р Бојан Цвелфар, д-р Динко Чутура, д-р Данијела Мрда, д-р Емил Крстески и д-р Милан Терзиќ, одржаа работен состанок во Скопје на кој се разгледаа заклучоците од претходниот состанок во Белград и резултатите што досега се постигнати.
 
 
 
 
Главен акцент беше ставен врз дигитализацијата на историските документи од 1918 до 1991 година што се наоѓаат во Архивот на Југославија и преземање на архивската граѓа за која што се заинтересирани земјите сукцесори на СФРЈ.
 
 
 
 
Заеднички е констатирано дека овој процес треба да се интензивира, а во рамките на состанокот беше воспоставена и директна видео-конекција со Фондација од Швајцарија, која што треба да ја поддржи реализацијата на проектот на дигитализација. Со тоа Македонија поефикасно може да го спроведе преземањето на оригиналните значајни документи и копии од тој период , што се однесуваат на нејзината историја.
Сподели: