Вести Македонија Ударни вести

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава

Сподели:

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф.

На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и планот на Владата за остварување на овие цели во текот на оваа година, при што Груби го информирал амбасадорот Граф дека Владата ги подготвила предлог уставните измени и се започнати подготовките за нивна реализација.

Сојузна Република Германија ја поддржуваше и продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон европската интеграција и реформите во земјата.

Соговорниците разговараа и за реформите во областа на владеењето на правото, вклучително и спроведувањето на ветингот како неопходен процес за државата.

Груби и Граф се фокусираа на состојбите во регионот, со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Република Косово и Република Србија со што дадоа целосна поддршка за нормализација на односите меѓу двете земји.

Сподели: