Д-р Крстески: Турските архиви – постојан извор на документи за Македонија

Сподели

 

На покана од директорот на Директоратот на државните архиви при Претседателството на Република Турција, проф. д-р Угур Унал, во официјална посета на Државниот архив на Истанбул престојува директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
 
 
 
 
Тој детално се запозна со структурата и функционирањето на Државниот архив на Истанбул, кој е еден од најголемите во светот. Притоа имаше и одвоени средби и разговори со двајцата заменици директори на Директоратот на државните архиви при Претседателството на Република Турција, д-р Ахмет Токдемир и Себахатин Бајрам, како и со раководителите на Сектори за презервација и дигитализација, Мехмет Таштан и Кеват Екичи.
 
 
 
 
“Со турските архиви имаме можеби најдобра и најплодна соработка, зашто тие поседуваат значајни документи што се однесуваат на нашата историја. Со нив реализираме многубројни заеднички научно-истражувачки проекти, како и изложби на архивски материјали од времето на Отоманската империја, во чиј состав била и Македонија како автономна провинција. Од особено значење е и турската поддршка во однос на процесот на дигитализација на архивските материјали од османлискиот период и нивната помош во врска со работата на новоформираното Одделение во нашиот Државен архив посветено на обработка на документи од тој период” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески по средбите и разговорите во Истанбул.