Сопствениците на пловни објекти – кајчиња, треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“. Во спротивно Локалната власт и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците, информираат од Општина Охрид.
Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред официјалниот почетокот на летната туристичка сезона, велат од општината.
фото: Денес магазин


