„La Grazia“ на Паоло Сорентино во Кинотека

Сподели:

Во рамките на Неделата на италијанскиот филм, Кинотеката на Македонија, вечерва во 20:30 часот го прикажува филмот „La Grazia“, најновото остварување на прославениот италијански режисер и сценарист Паоло Сорентино.

Во главните улоги настапуваат Тони Сервило, Ана Ферцети и Масимо Вентуриело.

Филмот ја следи приказната за италијански претседател кој се наоѓа пред сериозни морални и лични дилеми во последните месеци од својот мандат. Додека се соочува со прашања поврзани со одговорноста, совеста и човечноста, неговиот приватен свет почнува да се преплетува со јавната должност. Сорентино создава суптилна и емотивна драма која размислува за моќта, љубовта и слободата на изборот.

„La Grazia“ беше отворачки филм на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, каде што Тони Сервило ја освои престижната Копа Волпи за најдобар актер. Филмот доби и повеќе фестивалски признанија и номинации, меѓу кои награди за сценариото на Сорентино и учество во официјалната конкуренција за „Златен лав“.

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Италија во Скопје и ќе биде со слободен влез се’ до пополнување на местата.

фото Кинотека

Сподели: