Вести Став Ударни вести

Дали е на повидок конечно разнебитување на ВМРО ДПМНЕ

Сподели:

Непринципиелните и погубни дневни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ по се изгледа свое финале ќе добијат со претседателските избори. Последните потези со фаворизирање на соросови надпартиски кандидати за претседател или пак охрабрување за кандидатура на истрошени партиски кадри (понизни дечки на сите досегашни партиски гарнитури) го исфрлаат на виделина сценарио за понатамошна девалвација на ВМРО ДПМНЕ, нејзино згаснување и заминување во историјата. Ваквите изнасилено мотивирани петиции за наводна народна и надпартиска поддршка на кандидат за претседател беа вообичаена пракса во времето на владеење на бегалецот од Будимпешта и за жал истата повторно продолжува.

Сценариото и епилогот на партиската конвенција се однапред познати и тие се копија на Кумановскиот и Валандовскиот партиски конгрес со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се работи за веќе видена фарса и глумење демократија. Поради ова Демократската фракција ма ВМРО ДПМНЕ е загрижена од опасноста конвенцијата да стане арена каде силите ќе ги одмерат поранешните груевсти, а сега најголеми антигруевисти со мали и тапи ножиња со т.н надпартиски провмровски калкуланти инсипирирани и мотивирани од послушниците и наследниците на пребеганиот херој.

Почитувани членови на партијата и загрижени патриоти, Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ смета дека крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне се она што е чесно, праведно и вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ. Со вака изрежирана конвенција ВМРО ДПМНЕ ја пропушта можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредности препознатливи по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата. Реализацијата на личните егоистични и туѓите намери и интереси мора да биде биде санкционирана со најостра политичка одговорност – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА .

Сподели: