Дали граѓаните со години плаќаат струја по погрешни пресметки?

Сподели:

Крајно загрижувачки се информациите кои во гостувањето на ТВ 24 ги изнесе инженерот м-р Дејан Димовски, кој посочи дека тој со група инженери, по повеќемесечни анализи и пресметки, доставиле Претставка до седумчлената Регулаторна комисија за енергетика, со барање да се испита дали постојат грешки во формулите и пресметаните вредности за максимално дозволените приходи на регулираните енергетски компании, врз основа на кои се утврдува цената на електричната енергија.

Додека од граѓаните се бара до последен денар да ги подмируваат сметките за електрична енергија, се отвора прашање – дали институцијата која им ги испорачува ценовните удари, воопшто располага со математички исправни пресметки?! – прашуваат од Левица.

Дополнително, евентуалните грешки во пресметките од 2024, 2025 и 2026 година не би останале тогашен пропуст, туку би можеле да се репродуцираат и во пресметките за 2027, 2028 и 2029 година. Со други зборови, потенцијална математичка грешка денес може да прерасне во повеќегодишен финансиски грабеж на грбот на граѓаните!

Недозволиво е, во пресрет на најавеното ново поскапување на електричната енергија, јавноста да нема недвосмислена потврда за исправноста на пресметките врз кои се темелат ценовните одлуки.

Левица бара од Регулаторната комисија за енергетика итно и јавно да се произнесе по наводите на инженерите од неформалната група на Инженери на РМ, да обезбеди ревизија на пресметките.

Сподели: