Дали судот ќе одлучи за поблага мерка за Мијалков

Сподели

По вчерашната одлука на судот, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески да бидат пуштени од притвор со замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, денеска се очекува да биде донесена уште една одлука за преиначување на казната за Сашо Мијалков кој до СЈО поднесе барање за преиначување на мерката притвор и побара истата да се замени со поблага мерка.

Мијалков како гаранција дека нема да ја напушти државата, понуди 1 милион евра.