Епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, информираат од Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден се извршени вкупно 36 прегледи, наспроти 73 претходниот ден. Во болницата моментално се хоспитализирани четири пациенти. Од почетокот на следењето се извршени 4.483 први прегледи и обработени се 706 епидемиолошки анкети.
Намалувањето на бројот на прегледи е охрабрувачко, но здравствените институции продолжуваат со засилен надзор и внимателно следење на состојбата.
Во однос на западнонилската треска, заклучно со 30 јули се потврдени 13 случаи. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти, од кои тројца се во критична состојба. Во текот на ноќта беше спроведена дополнителна терестичка дезинсекција против комарци, како превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење на инфекцијата.
Министерството за здравство и надлежните институции остануваат во постојана координација и навремено ќе ја информираат јавноста.


