ДД: Додека МОН води ДУИ, учениците Албанци немаат ни книги

Сподели

 

И учебната 2023-2024 година започна со многу проблеми, за кои одговорноста ја сноси Владата, поточно Министерството за образование. Немањето учебници е неоправдано, проблем кој се повторува од година во година. Неоправдан е фактот што учениците Албанци се уште се соочуваат со многу проблеми, особено неможноста да учат на својот мајчин јазик, како што е случајот со средношколците Албанци во Велес и со основците во Идризово, Скопје. Значи, некој што е над државата не дозволува да се отвораат паралелки со настава на албански јазик и покрај тоа што министерот за образование и неговиот заменик се од иста партија, владејачката ДУИ.

Албанскиот дел од извршната власт не изразува никаква загриженост за драстичното намалување на бројот на ученици, кои заминуваат заедно со родителите за да обезбедат подобра и помирна иднина. Токму ова отсуство ќе влијае на многу брзо затворање на училиштата, особено на оние со настава на албански јазик. Не само тоа, туку и многу наставници ќе останат без работа.

Состојбата воопшто не е добра ниту со високото ниво каде исто така се чувствува намалувањето на бројот на студентите. Во ова време на криза кога семејниот буџет е под минимумот за егзистенција, некому му текнува за поскапување на цените во старите студентски домови и нималку достоинствени за сместување на студенти.

Од друга страна, од Министерството за образование велат дека реформата во образованието ќе продолжи според предвидената динамика, бидејќи ги дава очекуваните ефекти. Може ли некој да ни каже за каква реформа се работи и кои се очекуваните ефекти? Реалноста покажува дека во образованието нема никаква реформа, напротив, само тонење, што очигледно влијае на падот на квалитетот на образованието. Сите овие неуспеси имаат еден заеднички именител, но и адресата на вратата на одговорноста. Но, за жал, никој не тропа на оваа врата, се наведува во денешното соопштение на Демократското Движење.