Декларација за антикорупциски практики и политики во Јавните претпријатија

Сподели

 

На свечениот настан што се одржа вчера, во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, поддржан од Амбасадата на САД во РМ, на којшто присуствуваа директорите на јавните претпријатија од четири плански региони во земјата, директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, ја потпиша Декларацијата за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија.

„Преку потпишувањето на оваа Декларација, недвосмислено ја потврдив својата целосна посветеност на нашите заеднички заложби и принципи – етичко управување со Претпријатието, нулта толеранција за корупцијата, целосна усогласеност со законите и подзаконските акти, транспарентност и отчетност, имплементација на етичкиот кодекс, заштита на укажувачите, внатрешна ревизија и управување со ризик, соработка и размена на најдобрите практики,  мониторинг и известување, како и заложбата за континуирано подобрување во будноста и борбата против корупцијата.“ – истакна Николиќ Мазнева.