Вести Македонија Ударни вести

Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Сподели:

 

Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседстелот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Идеите и делата на Гоце Делчев  за самостојна и независна Макенионија  се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се.

Гоце е нашиот симбол за вековната борба на  македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помегу народите”.

Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме.

Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да  оддадат почит кон Македонскиот великан.

Сподели: