Делегација на Собранието на Регионална конференција

Сподели

 

Денес и утре, делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: г.Арбер Адеми, претседател, г-ѓа Арта Биљали Зендели, заменик претседател, г-ѓа Љубица Спасова, заменик член на Комисијата за европски прашања и г-ѓа Цветанка Иванова, Генерален секретар на Собранието,  учествуваат на Регионална конференција на тема Анализа на  парламентарната работа на полето на европската интеграција во Западен Балкан.

 

 

Г. Адеми, имаше свое обраќање на почетокот на Конференција во рамките на темата посветена на размена на искуства на комисиите за европски прашања во регионот, при што се осврна на работата на Комисијата за европски прашања, како  нејзин претседател. Истакна дека Комисијата го следи ЕУ процесот во сите аспекти ,почнувајќи од следењето на хармонизацијата на нашето законодавство со правото на ЕУ, исполнувањето на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, и другите прашања во врска со ЕУ за кои е надлежна Комисијата, а се во насока на парламентарна контрола над работата на Владата во овој сегмент. Притоа, посебно ја нагласи важноста на политички консензус за овие прашања меѓу позицијата и опозицијата, како важен предуслов за нивна реализација. Во овој контекст, информира дека во тек се разговори меѓу позицијата и опозицијата, во однос на измената на Уставот,со цел внесување на Бугарските граѓани во преамбулата на Уставот,како услов кој е внесен во нашата Преговарачка рамка.

 

 

Г-ѓата Иванова, во својство на Генерална секретарка на Собранието, осврнувајќи се на организацијата на работата на Собранието, во однос на евроинтегративните процеси,истакна дека Парламентот е вклучен во скрининг процесот со свои претставници во Брисел и дека е особено важно да продолжи оваа пракса и при   почетокот на преговорите по поглавја. Во оваа насока, ја истакна важноста за компетентна, стручна и професионална административна поддршка на пратениците во врска со ЕУ прашањата, без која не би можел да се одвива процесот на пристапување на земјата во ЕУ. Поради тоа, ја нагласи важноста на вакви проекти кои имаат за цел да го зајакнат административниот капацитет на Kомисијата за европски прашања, ационалниот совет за евроинтеграции, аконодавно правната комисија, и на останатите комисии и на Парламентот во целина за евроинтегративниот процес  на земјата во целост. Таа информира дека во тек се преговори за тоа  во кој формат и со каква надлежност Собранието ќе пристапи  во самиот процес на преговорите.

 

На оваа Регионална конференција, која е организирана како дел од двогодишниот проект на Германската организација за меѓународна соработка – ГИЗ и е посветен на промоција на ЕУ интеграцијата во регионот, учествуваа претседатели и заменици на комисиите за европски прашања и Генерални секретари од парламентите на  Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово, беа разменети позитивни практики и искуства на комисиите, со истакнување на  важноста на парламентарната димензија на овој важен процес за земјите од западен Балкан.