Демократска фракција: Честитики за испиленото кукавичко јајце во ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ ја поздравува
големата победа на раководството на ДПМНЕ на партиската конвенција и изборот на
кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. Успехот е уште
поголем затоа што зацртаното сценарио и очекуваниот епилог се реализирани
102,3% според прецизните  математички
калкулации. Очекуваме принципиелните и победнички дневни политики на актуелното
раководството на ДПМНЕ свое финале да добијат со завршувањето на претседателските
избори кога ќе биде клекнат на колена кандидатот на СДСМ (без разлика дали е
брат или сестра по прва или втора партиска линија на нашиот избран вмровски кандидат).

Одржаната партиска конвенција според добро
зацртаната победничка стратегија го повтори успехот на Кумановскиот и Валандовскиот
партиски конгрес кои и донесоа невиден успех на нашата партијата досега. Испиленото
кукавичко јаце во гнездото на ДПМНЕ и партиските камикази учествувајќи на изборите
за претседател на Северна Република Македонија ќе ја остварат историската
победа на ДПМНЕ над соработниците на Зоран Заев. Овие верни послушни
соработници и принципиелни политичари кои досега мошне успешно го оневозможуваа
Талат Џафери во вршењето на претседателската функција на Собранието, а
индиректно и на Републиката, со учеството на претседателските избори ќе му го
зададат последниот удар.

Нашето задоволство е уште поголемо поради тоа што мошне успешно се реализира најголемиот дел од стратегијата ,,Едно општество за сите” или ,,Сите на куп”. И либералдемократи и соросоиди, и антигуревiсти и гуревисти со мали и тапи ножиња, и црвенковци и заевци, и порано и подоцна освестени патриоти и квази патриоти и шарени и безбојни. Сé на еден куп за конечна и достојна вечна победа, а по победата ставање на пиедестал на заговорниците и пропагандистите на ваквата вмровска ептен алтруистичка и народна политика ослободена од секакви калкулации, а новоизбраниот претседател на Република Македонија од нашите редови ќе има убава и ретка можност верно да се заколне пред Уставот на СРМ – стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА.