Вести Македонија Став Ударни вести

Демократски сојуз: Со францускиот предлог бугарските барања стануваат европски

Сподели:

 

Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што тој во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската Унија.

Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евро-интеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат. 

Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија.

Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади.  Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа. 

Сподели: