Вести Став

Демократски сојуз: Влез во НАТО, па избори

Сподели:

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција, се со цел да се обезбеди стабилност,сигурност и економски развој на државата.

Огромната меѓународна  поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да не извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме.

Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за Уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање на заеднички чекори за иднината на земјата.

Сите лидери на партии, граѓанскиот и партиски консензус, ги обврзува да направат се за влез на Македонија во НАТО и Европската унија.

Сподели: