Демократското движење и официјално влегува на политичката сцена

Сподели

 

Демократското движење го одржа Основачкото собрание на кое за негов претседател едногласно беше избран пратеникот Изет Меџити.

Политичката партија Демократско Движење беше официјализирана на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и во присуство на илјадници граѓани кои дојдоа од целата територија на Северна Македонија на основачкото Собрание. „Во мое име и со Ваше одобрение, би сакал да ја понудам нашата заедничка вистина. Не не донесе инаетот овде, туку свеста.  Не нè донесе алчноста, туку нè инспирираше волјата. Не се соединивме за да бидеме против, туку за да бидеме водачи. Не се собравме поради гнев, туку поради ентузијазам. Не се движевме од лична инерција, туку од определба да ги придвижиме работите напред, за општо добро преку личен придонес“, рече во својот говор претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити. 

 

 

Тој додаде дека во ова Движење ќе го најдете сеќавањето на идео-политичката диференцијација од осумдесетите што ја осакати нашата интелигенција, на плановите за рушење на ѕидовите што го штитеа албанското семејство, за заштита на знамето во Тетово и Гостивар, за младинските протести во Куманово кои брутално беа прекинати од полицијата, за младите врзани со лисици во сините автомобили, за решителноста на Струга да го заштити јазикот, за акциите во кои убија наши соседи, наши пријатели…

„Денес битката за целосна зачленување во ЕУ подразбира поинакви жртвувања, на самоконтрола, на самодисциплина, на избегнување личен профит на сметка на општеството, на почитување на законот и обратно – на спроведување на законите на начин на кој ќе се почитува граѓанинот, на давање приоритет на квалитетот и унапредување на меритократијата. Доживеавме војни против нас. Ги надминавме обидите за предизвикување конфликти во нашите, сега е редот да се бориме против нашите недостатоци, против ситните огорчености, кланизмот и непотизмот, пред се против себичноста што не спречува да разбереме и прифатиме дека успехот на секој од нас е придобивка за сите нас.. Затоа, Демократското Движење смета дека е не доволно про-ЕУ вербализмот, репродукција на закони без почитување на правниот дух на ЕУ, зависност од бирократијата на ЕУ без прифаќање и спроведување на европските вредности, стандарди, критериуми и искуства кои претходеа на создавањето на ЕУ. Не е доволно да бидеме про-ЕУ, ако не се однесуваме како што сме и како што од нас бараат да станеме – Европејци во себе и Европејци како другите“, истакна првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити. 

Тој рече дека првичната мисија на Демократското движење е да го обедини искуството од минатото со волјата на иднината. Не со политичка теорија, туку со искористување на искуствата на оставените настрана и покрај искуствата и подготврноста на возраста, како и со ангажирање и поттикнување на младите луѓе со образование, знаење, стручност и енергии кои не се користат ни  одблиску доволно. Искуството на возраста ја облагородува волјата на младоста. Традицијата ја инспирира иднината. Страдањата и прогонствата на предците ја воспитуваат и ја зацврстуваат решителноста на наследниците. 

„Навистина, чувствувам толку голема сила, толку многу ентузијазам, чувствувам инспирација кога го гледам ова место полно, исполнето од агол до агол. Сепак, ова задоволство е споредно, дури и мало, покрај задоволството што доаѓа со сликата на толку многу дами, мајки, баби и почитувани госпоѓикои седат со нас, до нас, меѓу нас. Да ве убедам дека не е политички слоган кога велам дека ништо повеќе не ме уверува во нашиот успех од вашето присуство, почитувани дами. Нема да ви упатувам комплименти за убавина, нема да ви кажам дека вие сте оската на нашето движење. Всушност, овој пат ќе барам од вас да станете фактор кој ќе донесе промени за вас, за луѓето, за потребите, за доброто на сите нас. Не се откажувајте – туку инсистирајте, истакна Меџити.