Македонската винска индустрија е успешен пример за раст во економијата

Сподели

 

Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот  г-дин Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот г-дин Љупчо Јаневски, остварија  посета на македонската винарија  Имако од штипскиот регион.

Никола Љуботенски, менаџерот за развој во винаријата ИМАКО, ги престави производствените капацитети за произвоство на вино, дестилеријата за производство на традиционални ракии и вињаци, со која оваа винарија е во првите пет винарии во земјата со годишно производство од 11 милиони литри високо квалитетно вино и дестилати. 

“Ќе се согласиме дека не постои единствена формула за високо квалитетно македонско вино, бидејки треба да се има многу љубов и посветеност кон лозарството произведувајќи врвна суровина, врвно грозје, сончеви денови, стручен експертски кадар и квалитетна технологија, што несомнено македонските винарии го имаат. На десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар и фестивал (BIWC) осовоивме 7 медали за нашите вина”, истакна Никола Љуботенски од винаријата Имако.

Според Ангелоски, винската индустрија е потребно да добие уште повисоко место во македонската економија, бидејки во последните години бележи континуиран раст и извоз кој според истражувањата на World`s Тop Exsports ја вбројува нашата земја како производител и извозник на вино помеѓу 15-те земји во светот за 2022 година. Забележан е раст од 4,3% и извоз од 60,365 милиони долари за 2022 година,со што македонската винска индустрија се најде во друштвото на Франција, Италија, Шпанија, Нов Зеланд, Чиле, Португалија, Аргентина, Австралија, Јужна Африка, Грузија, Молдавија, Унгарија кои заедно испорачуваат 92,4% од вкупниот светски извоз на вино во 2022 година.

Традицијата на производство на квалитетно вино е добро позната во овие краишта низ историјата за што сведочат големиот број на археолошки локалитети и предмети изложени низ голем број на вински музеи низ државата. Сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров, со 260-290 сончеви денови, Македонија спаѓа во винската зона, која го опфаќа поголемиот дел од Медитеранска Европа, вклучувајќи некои од најпознатите вински дестинации на стариот континент, како што се Провенс, Корзика и регионот Писпул де Пин (Франција), Болгери и Сицилија (Италија) и Санторини (Грција), a денес е обезбедено и целосно турустичко искуство во Македонија – сместување во удобните локални престојувалишта, разгледување на природно богатата околина и дегустација нанајквалитетното македонско вино”.

“Винскиот туризам, или попознат како „ено-гастро концепт“ е меѓу најпопуларните трендови во светот бидејќи претставува совршен спој на локално вино и хедонизам. Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда. На овој начин дирекно се овозможува зајакнување на локалната економија, производството на локална храна, новите зелени работни места кои ќе овозможат намалување на миграцијата”, истакна директорот на Агеннција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.