Денес ќе се маршира пред Влада, МНР кон Собрание

Сподели

 

Денес протестот ќе продолжи пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.

Се апелира за мирно и достоинствено протестирање. Апел и до министерот Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам! – велат оттаму.