Вести Македонија Ударни вести

И денес продолжува потрагата по Мартин на Халкидики

Сподели:

 

Грчката крајбрежна служба и денес ја продолжува потрагата по 28 годишниот Мартин, кој во саботата попладнето исчезна во Егејското море кај Халкиди. Спасувачки екипи со три пловни објекти и четири патролни возила од утрово го бараат туристот од Северна Македонија. Денес се очекува во потрагата да се вклучи и авион бидејќи временските услови се поповолни од претходните 24 часа.

Вчера грчката крајбрежна стража го пребаруваше крајбрежјето, а вклучен беше и подводен дрон. На Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин кој живее во Соединетите Американски Држави.
 

Тој и понатаму се води како исчезнат, откако морските струи заедно со двајцата другари, кои веќе се спасени, ги однесоа во морето на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.

Сподели: