Денес на ЕВРО 2016: Французите преку Ирците сакаат во четвртфинале

Сподели

thumbs_b_c_c37dfbb87b2391e7a5de513eae5501ab

САРАЕВО (АА) – Денешната програма на Европското фудбалско првенство во Франција на прв поглед не носи премногу интересни дуели. Сите три денешни пара од осмина финалето имаат изразит фаворит. Во првиот, кој ќе се игра во 15 часот во Лион, домаќинот Франција сака преку Република Ирска да дојде до четвртфинале, јавува Anadolu Agency (AA).

Овие две репрезентации се сретнаа на теренот во текот на својата историја. Секако највпечатлива е онаа од 2005 година кога Французите благодарение на нерегуларниот гол на Тиери Анри, кој со рака ја смири топката а потоа ја затресе ирската мрежа, се изборија за пласман на Светското првенство 2006 година во Германија. Судбината сакаше овие две селекции да се состанат во бараж за наредниот Мундијал, оној игран во 2010 година во Јужна Африка. Беа тоа два прекрасни натпревари. По триумфот на Франција во Даблин со 1:0 се очекуваше реваншот на „Stade de France“ да биде формалност. Но истото не го мислеа и Ирците кои со голот на Роби Кин го продолжија натпреварот, но пак славеше Франција, и тоа по изедначување на голот на Вилијам Галас во 103-та минута.

Без оглед на тоа што Французите овој пат се големи фаворити, не е исклучено тоа дека ќе се помачат со Ирците со цел да продолжат понатаму.

Во останатите два дуела би било големо чудо Германија да не ја помине Словачка, односно Белгија да изгуби од Унгарија. Вистина е дека Унгарците во овој поглед влегуваат како победници во својата група, но Белгијците имаат добар состав, кој досега на ЕВРО 2016 не покажа ниту половина од својот потенцијал.

– 26 јуни –

Лион (15:00 часот): Франција – Република Ирска

Лил (18:00 часот): Германија – Словачка

Тулуз (21:00 часот): Унгарија – Белгија