Вести Македонија Ударни вести

Денес се одбележува Меѓународниот ден на архивите

Сподели:

 

На 9 јуни низ целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на архивите. На овој ден архивистите од целиот свет се обединети во прославувањето на значењето и достигнувањата во својата професија.

 

 

Преку одбележувањето на овој ден, треба да се подигне свеста на пошироката јавност за важноста на документираното наследство на човештвото. Архивите и архивистите имаат исклучителна можност, идеите и достигнувањата да ги соберат и споделат со светот. Заедничкото ангажирање би дало нов правец и светлина на работата на архивите и нивниото значење и вредност.

Меѓународниот ден на архивите како празник на архивите и архивистите низ целиот свет е прифатен на Годишното генерално собрание на Меѓународниот архивски совет одржано во Квебек, Канада, во 2008 година.

Самиот датум, 9 јуни, има симболично значење, бидејќи на тој ден во Париз во 1948 година е основан Меѓународниот архивски совет (меѓународна невладина организација посветена на унапредување на ефективното работење со архивскиот материјал и заштита на светското архивско наследство. Оваа организација има околу 1400 членови од 199 држави и територии), под покровителство на УНЕСКО.

 

Сподели: