Денешна средба на Пацоли и Димитров во МНР

Сподели

Интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, со акцент на инфраструктурната и енергетска соработка се во фокусот на денешната официјалната посета на шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли на Македонија.

Серијата разговори во Скопје, Пацоли изутринава ги почна со својот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

По средба Димитров и Пацоли ќе одржат заедничка прес-конференција.

Шефот на дипломатијата на Косово, во текот на денов ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и од премиерот Зоран Заев.

Посетата ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.