Втор ден од штрајкот на пилотите „Луфтханза”- откажани 912 летови

Сподели

lufthanza

БЕРЛИН (АА) – Германската авиокомпанија „Луфтханза” поради штрајк на пилотит, кој се одржува втор ден по ред, откажа 912 летови планирани за денес, јавува Anadolu Agency (AA).

Пилотите стапија во штрајк поради спорот околу висината на платата. Од „Луфтханза” велат дека со оглед на тоа што трајкот е најавен порано, успеале да ги известат поголемиот број од патниците за откажаните летови.

Синдикатот на пилотите објави дека утре со штрајкот ќе бидат погодени кратките и средни летови во Германија и Европа. Од компанијата нагласија дека сите долги летови утре би требале да бидат реализирани како што е планирано.

За време на двата дена од штрајкот, „Луфтханза” откажа вкупно 1.800 летови, со што се погодени 215,000 патници.

Најновиот штрајк на пилотите е дури 14 по ред од април 2014 година поради долготрајниот спор со раководство на компанијата за висината на платата.