Вести Македонија Ударни вести

Денеска гласаат лицата во затворите, болните и раселените

Сподели:

Денеска, ден пред изборите, своето право на глас ќе можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

На денот на изборите гласањето денеска и утре почнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатилиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5. мај.

Денешното гласање почна навремено и без никакви проблеми. Изборните гласачки места се отворени на време, а гласачкиот материјал е доставен во сите изборни единици, соопштија од ДИК.

Сподели: