Тевдовски: Македонија може да влезе во рецесија, трпат граѓаните, итно е потребна новата Влада!

Сподели

Драган Тевдовски, СДСМ:

Потребна е итна деблокада на демократските процеси, за Република Македонија да ја добие новата реформска Влада.

Три индикатори даваат предупредување дека економијата во Македонија може да влезе во рецесија ако нешто сериозно не се превземе.

Податоците за почетокот на 2017 година покажуваат пад во градежништвото, намален обем на индустриското производство и намалена побарувачка на купувачите.
Еве ги трите важни индикатори што го потврдуваат тоа.

1. Трговијата на мало има пад од 2,5% во јануари и февруари 2017 година во однос на истиот период лани. Тоа се должи пред сѐ на намалената побарувачка од купувачите. Ова е податок добиен токму од фирмите, кои во Извештајот за деловните тенденции во трговијата на мало на Државниот завод за статистика, како најограничувачки фактор во почетокот на 2017 година ја означиле токму слабата побарувачка од купувачите.

2. Индустриското производство во јануари и февруари 2017 година бележи пад од 1,9% во споредба со истиот период во 2016 година. Тоа се должи пред се на падот на преработувачката индустрија од 4,1%, а пад има и кај рударството, од 6%.
Сериозен пад имаат повеќе оддели на преработувачката индустрија како: производство на пијалаци (-14,5%), на тутунски производи (-22,3%), производство на текстил (-17,2%), на облека (-22,1%), кожа (-28,1%), преработката на дрво (-48,3%), производство на фабрикувани метални производи (-25,2%), на останата опрема за транспорт (-52,6%), останата производствена индустрија (-31,4%) и поправка и инсталирање на машини и опрема (-60,7%).

3. Градежништвото бележи намалување за 24% во јануари 2017 година во однос на истиот месец во претходната година!

Новата Влада, како што наведовме и во Програмата, има нов пристап за развој на македонската економија што се темели на три елементи: поддршка за домашните претпријатија, раст на платите и социјална праведност. Новиот пристап во економијата ќе ја придвижи економијата во позитивна насока, што ќе се одрази позитивно и на квалитетот на живот на граѓаните. Затоа во најбрзо време мора да се овозможи формирањето на новата реформска Влада.