Летото почнува денеска во 16 часот и 57 минути, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.
Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.
Во Скопје, Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.



