Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената

Сподели

“Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе! Драго ми е што денеска на јавната расправа за „Предлог-законот за прекинување на бременоста“ на Комисијата за здравство во Собранието на РСМ имавме убава и продуктивна дискусија, каде дебатиравме за придобивките од новиот Закон.

Правиме значителен чекор и волјата на жената ја ставаме на прво место. Таа самата да одлучува што ќе прави со сопственото тело, затоа што одлуката за прекин на бременоста е само нејзин избор! Мајчинството е ексклузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака. Тоа не е работа на судии, попови, оџи, лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да си го добие, а државата да обезбеди институции и експеритза за тоа квалитетно и стручно да се заврши!” – изјави министерот Венко Филипче на јавната расправа за Предлог-законот за прекинување на бременоста.