Денеска календарски започнува пролетта

Сподели

 

Пролетта ќе почне денеска во 16 часот и 33 минути, додека на јужната Земјина полутопка почнува есента.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути, кога ќе почне летото.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.

Летното сметање на времето ќе почне следниот викенд, ноќта меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. .