Вести Македонија Ударни вести

Санкционирани 330 возачи за брзо возење

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи.
 
Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 надвор од населено место.
 
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Сподели: