Вести Македонија

Денеска продолжува рочиштето за „Диво насеље“

Сподели:

 

divo-naselje-sudenjeВо Кривичниот суд денеска продолжува судскиот процес за предметот „Диво насеље“ против терористичката група поврзана со настаните во кумановско Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година.

Денешното рочиште, како и претходните неколку, е затворено за јавноста, бидејќи сè уште се сослушуваат заштитени сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На претходното рочиште се разгледуваа транскриптите од телефонскиот разговори на обвинетиот Сулејман Османи со вработен во Агенцијата за разузнавање.

Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна на почетокот на февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново, откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

meta.mk

Сподели: