Денеска се вакцинираа пратениците и претседателот на Собранието

Сподели

 

Како што и беше најавено, пратениците од Собранието, вклучително и претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се вакцинираа со вакцината што беше на располагање, односно со „Спутник“.

 

 

Со градењето на колективниот имунитет, се придонесува кон успешното справување со пандемијата. Тоа е секако заедничка одговорност, и успешноста лежи во масовното вакцинирање.

 

 

Должност на секој од нас е да придонесе за што поскоро надминување на предизвикот КОВИД – 19.