Вести Македонија

Денеска треба да продолжи судењето за настаните во Диво Насеље

Сподели:

divo-naselje-sudenje1

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Диво Насеље“ во кој се обвинети 29 лица за настаните во Куманово од 9 и 10 мај, минатата година.

Судскиот процес, требаше да продолжи во петокот, минатата недела, но рочиштето беше одложено, бидејќи судијката, Верка Петковска, која го води предметот, беше на боледување и расправата беше презакажана за денеска.

Според информациите, судскиот процес за „Диво Насеље“ треба да почне од почеток откако обвинителство овој предмет го спои со случајот „Молња“, во кој 8 лица се обвинети за давање логистичка поддршка на кумановската група.

По неколку одложени рочишта поради немање услови, судскиот процес повторно ќе се суди во големата сала на Врховниот суд, која пред две недели со решение на Владата му беше отстапена на Кривичниот суд заради овој процес.

Судењето за случајот „Диво Насеље“ почна во оваа сала поради бројот на обвинети, кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

По неколку рочишта, Врховниот суд забрани овој случај да се суди во салата од безбедносни причини.

http://meta.mk/deneska-treba-da-prodolzhi-sudeneto-za-nastanite-vo-divo-nasele/

Сподели: