Вести Македонија

Денеска три судења: За насилствата во Собранието, за „Тврдина 2“ и за „Маѓар Телеком“

Сподели:

Во Кривичниот суд за денеска се закажани три судења – за насилствата во Собранието на 27 април, за случајот на СЈО „Тврдина 2“ и за „Маѓар Телеком“.

Првото рочиште за нападот во Собранието кои се случи на 27 април при што беа повредени неколку пратеници, новинари и граѓани беше одложено затоа што од куќен притвор не беше спроведен првообвинетиот Ангеле Зафировски, кој е еден од деветемината обвинети за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Претходното рочиште за судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ исто така беше одложено бидејќи во судницата не се појавија првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на петтата управа на УБК, и неговиот адвокат, Никола Додевски.

Бранителите на другите обвинети до судот доставија медицинска документација, според која, како што рекоа, Грујовски е на боледување поради „сериозно влошена здравствена состојба“.

На ова реагираа обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов, кои истакнаа дека ќе извршат дополнителни проверки за да утврдат дали Грујовски навистина не може да доаѓа на рочиштата.

Обвинителот на СЈО, Пеливанов, наведе дека имале и претходни искуства кога Грујовски и други обвинети и осомничени во случаите што ги води СЈО, не доаѓале на распити во СЈО и на закажаните рочишта и дека токму во тие периоди тие биле на боледување.

Третото судење закажано денеска во Кривичен суд е за „Маѓар Телеком“ во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои се товарат за злоупотреба на службената положба, шест години се недостапни за органите на прогонот, Поранешните директорина Маѓар телком, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодија да платат парични казни и добија и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, во процесот што се водеше пред Окружниот суд во Њујорк.

meta.mk

 

Сподели: