Децата со дијабет добија сензори за мерење на гликемија

Сподели

 

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести по повод обезбедените сензори за безболно и континуирано мерење гликемија кај децата.
 
 
 
 
 
Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и слепи лица.
 
 
 
 
– Како министер за здравство и во следниот период ќе се залагам најсовремените начини за третман на дијабетес да бидат достапни за нашите пациенти, бидејќи кога станува збор за пациент со дијабет, треба да имаме предвид дека станува збор за начин на живот, порача министерот Меџити, во рамки на посетата.