Дезинформации за смртните случаи од ковид-19 и ефектите од нив на глобалната економија

Сподели

 

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr анализира небулозно тврдење на неколку грчки сајтови и блогови, дека поради само 56 смртни случаи дневно од ковид-19 се случува колапс на светската економија.

Ваквото манипулативно тврдење е засновано на некои податоци наводно објавени на 9 март годинава, при што покрај големиот број причини за смртни случаи, за ковид-19 е напишано дека одзема 56 животи дневно. Но според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) на 9 март годинава имало 203 смртни случаи од ковид-19.

Тоа не се единствените дезинформации што се пласираат во текстовите на грчките сајтови и блогови. Во написите уште се доведуваат во врска бројот на смртни случаи секој ден и колапсот на светската економија. Но тука не може да се прави равенство, бидејќи, прво, развојот на пандемијата е динамичен феномен и може да се предвидува прецизно во формула, а од друга страна, невозможно е само 56 случаи да предизвикаат колапс на економијата во светот, пишува ellinikahoaxes.gr.

мета.мк