Вести Изјави Македонија Ударни вести

Џафери: Да го споделиме со сите она што можеме и знаеме-тоа ќе не направи подобри луѓе

 

“Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

По завршувањето на триесетдневниот рамазански пост, месец посветен на милоста, љубовта и простувањето, го дочекавме и големиот празник Рамазан Бајрам. Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна убавина, ја охрабруваат меѓусебната почит, ја зголемуваат радоста и убавината на животот, споделувањето со семејството, со ближните и со сите околу нас. Како човечки битија, благословени сме со сите човечки вредности и особини кои ни овозможуваат да го споделиме со сите она што можеме и знаеме и затоа ви посакувам во овие празнични денови да споделите колку можете со сите кои ве опкружуваат. Тоа ќе не исполни со убава и позитивна енергија, ќе не направи подобри луѓе, за нас самите, за нашите блиски и за нашата држава. Ви посакувам низ животот да ве води добрата мисла и взаемна почит а домовите да ви бидат исполнети со радост и смеа, благосостојба, напредок  и успех на секое животно поле.

Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Рамазан Бајрам, да ви посакам убави празнични денови исполнети со спокој и радост за Вас и Вашите најблиски. – го честиташе празникот Рамазан Бајрам, претседателот на Собранието Талат Џафери.

Нека е честит празникот!”

Сподели: