Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Првата Конститутивна седница на Собранието ќе се одржи на 4.август

 

Претседателот на Собранието г. Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата – Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија, која ќе се одржи на  4.8.2020 година (вторник), со почеток во 12 часот.

Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од корона вирусот.

 

 

На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието на Република Северна Македонија, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема.

 

Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ.

На Конститутивната седница на Собранието ќе бидат присутни Претседател на Република Северна Македонија;Претседател на Влада на Република Северна Македонија;Претседател на Уставен суд на Република Северна Македонија;Поранешни претседатели на Република Северна Македонија;Поранешни претседатели на Собранието на Република Северна Македонија;Претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија; Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија;Јавен обвинител на Република Северна Македонија; Претседател на Советот за јавни обвинители на Република Северна Македонија; Народен правобранител на Република Северна Македонија; Членови на Владата на Република Северна Македонија; Гувернер на Народна Банка на Република Северна Македонија; Лидери на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија; Началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија; Претседател на МАНУ; Претседател на Државната изборна комисија; Државен правобранител на Република Северна Македонија; Претставници на верските заедници во Република Северна Македонија; Шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република Северна Македонија.

Пренос од Конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија“, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца.

Во текот на денот, во сите простории каде што има активности, по нивното завршување ќе се прави дезинфекција. 

Пренос од седницата ќе можат да следат во Салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието на Република Северна Македонија.

Сподели: