Вести Изјави

Џафери: Ќе закажам седница за влада кога Заев ќе достави програма и состав на владата

Сподели:

“-Седница за избор на влада ќе закажам откако мандатарот Зоран Заев до Собранието ќе достави предлог-програма и предлог-состав на новата влада”, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако даде исказ во Основното јавно обвинителство по повод насилните инциденти во Собранието на 27 април.

“-Во моментот кога ќе добијам материјал, ќе закажам седница. Паралелно ќе одат две седници: за избор на влада и за локални избори. Ме радува фактот што господинот Иванов го исполни тоа што го очекував. Со тоа во крајна инстанца придонесува да не се создава лоша практика во парламентарниот живот во Македонија, во смисла на индивидуално одлучување или по нечија волја.”

Сподели: