Џафери на Берлински процес: Поддршка од европските земји и нивна заложба за членство во Унијата

Сподели

 

Парламентарната дипломатија е двигател за унапредување на активностите предвидени во рамките на Берлинскиот процес, кој што во себе има сплет на голема симболика, односно ги обединува:

– помирувањето; европската интеграција; поголемото меѓусебно регионално поврзување на земјите од Западен Балкан; надминувањето на отворените прашања; поголемата соработка меѓу младите; граѓанските организации и бизнис заедницата; поддршката од останатите европски земји учеснички во овој процес и нивната заложба за приближување на регионот кон полноправно членство во Унијата.

 

 

Благодарност до Сојузна Република Германија и нејзиниот интерес за унапредување на европската перспектива на регионот преку промовирањето на оваа иницијатива, изјави Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Унапредувањето и збогатувањето на регионалната парламентарна соработка, вклучително и соработката со пратениците од националните парламенти на земјите членки на Европската унија и од Европскиот парламент, претставува додадена вредност која може значително да придонесе за размена на идеи и искуства, со кои ќе го подобриме квалитетот на законските решенија кои како народни избраници ги донесуваме, а кои произлегуваат од договорите склучени во рамките на овој процес. Дополнително, и за зајакнување на нашата надзорна улога над спроведувањето на донесената легислатива.

Парламентарната дипломатија е уште една силна алатка за која јас лично верувам дека може да се покаже како клучна за решавање на комплексни проблеми како што се отворените прашања и конфликтите, со оглед на можноста за дијалог меѓу пратениците и изнаоѓање на потенцијални решенија.

Свесни сме дека географски, стратешки и со мнозинската волја на граѓаните, како регион сме предиспонирани да станеме членки на Европската унија, штом ги исполниме потребните услови за членство.

Длабоко сум убеден дека досегашните успеси на овој комплементарен процес, ќе продолжат да преставуваат соодветна реплика на Маршаловиот план, со кој конечно ќе може да го де-балканизираме Балканот и да станеме дел од поширокото европско семејство, на тој начин остварувајќи ја нашата повеќедецениска визија за полноправно членство во Европската унија, додаде Џафери.