Џафери на Е-конференција за Отворен парламент Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023

Сподели

 

Талат Џафери на виртуелнатата конференција за Отворен Парламент, Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 им посака добредојде на учесниците.

 

 

“Оваа е-конференција се организира во рамките на Глобалната недела на отвореност на законодавството #GLOW2020 организирана од Е-мрежата за Отворен парламент и мене ми е драго што Собранието е дел од оваа Недела и оваа мрежа. Со ова, законодавниот дом само потврдува дека останува и понатаму доследно на исполнувањето на донесените одлуки со станувањето дел од Партнерството за отворена власт во 2018 година, кога всушност беше донесен и првиот план за Отворен парламент кој стана дел од Националниот акциски план 2018-2020 година, со безрезервната поддршка и помош на Програмата за парламентарна поддршка и Швајцарската амбасада и почитуваната амбасадорка Техада со која соработуваме веќе подолг период и е наш потврден пријател.

 

 

 

За нас се од исклучителна важност и измените во Законот за Собрание со кои се зајакнува независноста на човечките ресурси и во таа насока е и изготвената Функционална анализа, со цел ефективно и максимално добро искористување на постојните капацитети, со цел подобрување на функционалноста на институцијата. Со сите свои активности во насока на достапност за граѓаните преку најразлични модули и форми за нивно вклучување во работата на Собранието, успеавме да станеме поблиски, поотворени, подостапни и транспарентни во нашето работење.  

Остануваме посветени на Партнерството за отворена власт и во таа насока го започнавме и процесот за подготовка на новиот план 2021-2023 и оваа денешна е-конференција е дел од процесот на ко-креација на Планот” – изјави Претседателот на Собранието, Талат Џафери.